Малите и средни претпријатија (МСП) во регионот на Западен Балкан ќе имаат пристап до нови можности за финансирање преку програмата Дигитализација на Западен Балкан, која комбинира кредити, грантови и техничка помош за инвестиции во дигитализација, автоматизација и зелени технологии.
Програмата која е развиена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со поддршка од Европската Унија (ЕУ) има за цел да ја поттикнува иновативноста, конкурентноста и одржливиот раст кај приватниот сектор во Западен Балкан.
Како дел од програмата, ЕБОР ќе пласира до 350 милиони евра на партнерските финансиски институции во регионот на Западен Балкан за натамошно кредитирање на МСП. Ентитетите кои ќе подигнат кредит ќе имаат корист од грантовите во износ до 10 проценти од вредноста на кредитот, кои се финансирани од ЕУ. Европската Унија обезбедува вкупно 27,6 милиони евра грантови и техничка помош за програмата, обезбедени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Програмата се надоврзува на успешната пилот програма Дигитализација во Босна и Херцеговина, која поддржа инвестиции во скоро 200 локални компании. Малите и средни претпријатија ќе може да се пријават за финансирање за широк избор на технологии и инвестициски продукти, од едноставно усвојување решенија за автоматизација и роботизација во индустријата, до сложени дигитални алатки за одлучување и алатки за собирање и анализа на податоци, со што истото придонесуваат во декарбонизација и ефикасност на ресурсите.
Кредитната линија ќе биде достапна во повеќе од 10 финансиски институции со кои ЕБОР ќе влезе во партнерство, вклучувајќи банки и лизинг компании во регионот.
Малите и средни претпријатија претставуваат 99 проценти од сите бизниси на Западен Балкан и играат клучна улога во постигнување на целите за дигитализација и зелената транзиција, нагласувајќи ја потребата за одржливи деловни практики. Автоматизација и дигитализација носат продуктивност, а претпријатијата кои ги усвојуваат овие технологии остваруваат пораст на ефикасноста од 20 проценти.
Многу мали и средни претпријатија на Западен Балкан имаат тешкотии во усвојување на дигиталните технологии и трансформацијата: основните нивоа на дигитализација се 20 процентни поени пониско во споредба со МСП во ЕУ, само една петтина од нив продаваат онлај, а помалку од 10 проценти користат поиновативни дигитални решенија како клауд компјутинг, обемни податоци и виртуелна интелигенција.
Со оглед дека малите и средни претпријатија се соочуваат со предизвици да обезбедат соодветни средства за дигитализација и понатаму останува значаен неискористениот потенцијал за вложување во ИКТ на бизнисите, со цел да се поедностави работењето, да се автоматизираат процесите, да се зголеми ефикасност, зголеми продажбата, подобри корисничкото искуство и зголеми пазарното учество, сите двигатели на конкурентноста. Оваа програма настојува да ги реши овие недостатоци на начин кој ќе дејствува во зајакнување на дигиталната свест и на пристапот до финансии.
Програмата Дигитализација на Западен Балкан се залага за зајакнување на приватниот сектор како клучен за унапредување на социо-економските состојби во регионот и зајакнување на врските со Европската Унија. Од 2009 година, ЕУ има обезбедено поддршка за раст на приватниот сектор во Западен Балкан во вредност од 628 милиони евра, преку Програмата за поддршка на Западен Балкан во грантови, гаранции и комбинирано финансирање, помагајќи во развојот на поиновативни екосистеми поволни за деловната заедница.
ЕБОР е клучен институционален инвеститор во регионот на Западен Балкан кој има инвестирано над 20 милијарди евра од почетокот на работењето во регионот од средината на 1990-тите години. Приватниот сектор и особено малите и средни претпријатија остануваат клучните области за инвестирање на ЕБОР. Поттикнување на нивната иновативност и дигитализацијата, зелената транзиција и инклузивниот раст се стратешки приоритети на Банката.