Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги обелодени деталите за првото издание на младинската Лига на шампионите.

По првичната идеја три клуба го откажаа своето учество во групната фаза (Алборг, Фредериција, Колштад) и на нивно место повикани се ГОГ Гудме, Војводина и Савехоф.

Македонија ќе ја претставува Еурофарм Пелистер, кој ќе игра во групата 4 во Букурешт, заедно со Киелце, Висла Плок и домаќинот Динамо Букурешт.

Само победниците од групите ќе се пласираат на младинскиот завршен турнир во Келн. Групната фаза ќе се одигра на 17 и 19 април 2025 година. Во натпреварите од младинската Лига на шампиони можат да настапат ракометари до 18 години и помлади. Екипата на Еурофарм Пелистер ќе ја водат тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски.

ИЗДВОЕНИ