Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, претрпе пораз на гостувањето кај Спортинг со 30:24 во 11. коло на Лигата на шампионите. Во Лисабон, пелистерци имаа сила да му се спротистават на домаќинот само во првото полувреме, но потоа следеше пад во играта и португалскиот претставник се одлепи и стигна до убедлива победа.

Покрај поразот на гостувањето кај Спортинг Лисабон, за битолчани има уште една лоша вест, откако полскиот шампион Висла Плок направи сензација и успеа да се врати со триумф од гостувањето кај ПСЖ со 31:28.

Ова значи дека Висла сега се израмни со Еурофарм Пелистер со бодовите, но полскиот тим има подобар меѓусебен скор и ја презема шестата позиција на табелата што води во осминафиналето.

По мечот во Португалија, тренерот на пелистерци Раул Алонсо, истакна дека Еурофарм Пелистер бил 45 минути во егал со противникот.

Спортинг одигра доста добро. Ние бевме 45 минути во мечот со Спортинг, но потоа промашивме многу шутеви и беше тешко за нас на ментален план. Знаеме дека мора да поправиме некои работи, но ние сме на прав пат“, изјави Алонсо по натпреварот.

Покрај поразот на гостувањето кај Спортинг Лисабон (30:24), за битолчани има уште една лоша вест, откако полскиот шампион Висла Плок направи сензација и триумфираше од гостувањето кај ПСЖ со 31:28. Ова значи дека Висла сега се израмни со Еурофарм Пелистер со бодовите, но полскиот тим има подобар меѓусебен скор и ја презема шестата позиција на табелата што води во осминафиналето

 

Тренерот на домашниот тим Рикардо Кошта, истакна дека до бодовите не дошле лесно како што се може да се види од резултатот

игравме еден меч кој го добивме потешко одошто говори резултатот. Во првото полувреме чувствував дека тимот е уморен, но си ја завршивме задачата во одбрана и Андре Кристенсен доста помогна. Ни фалеше константност, но тој момент во играта ни се појави во второто полувреме. Благодарност до сите фанови кои ни помагаат на овој долг и успешен пат“, изјави тренерот на Спортинг.

Спортинг Лисабон по 11 одиграни кола се наоѓа на второто место во групата од Лигата на шампионите со 15 бода, пет помалку од лидерот Веспрем, а еден повеќе од Фуксе Берлин и ПСЖ. До крајот на групната фаза има уште три натпревари.

Во следното коло од Лигата на шампионите, Висла Плок ќе му биде домаќин на Фуксе Берлин, додека Еурофарм Пелистер ќе го пречека Динамо Букурешт.

 

ИЗДВОЕНИ