Eдна од најсрамните страници на историјата раскажана во книгата „Струма“ од Хакан Акдоган

192

Во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Струма“ –   една приспивна во темнината од Хакан Акдоган.  

Промотивна реч за книгата во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе одржи Академик Ферид Мухиќ.

Книгата „Струма“ зборува за брод кој испловува од пристаништето Констанца во тешките денови на Втората светска војна и се укотвува на бреговите на Босфор крај Истанбул. До каде ќе ги носи овој мртовечки сандак стотиците Евреи во потрага по нова татковина…? Одговорот на ова прашање е една од најсрамните страници на историјата. Судбината на „Бродот на проколнатите“ е да биде потопен во темните води на Црното Море.

Хакан Акдоган е роден 1971 година во Анкара, Турција. По вокција е филолог. Дипломирал „Англиска филологија” на Универзитетот Хаџеттепе  и „Медиуми и комуникации” на Анадолскиот универзитет. На Универзитетот Улудаг  работел на програмата „Човекот, општеството и филозофијата”. Има преведено дела од Фернандо Песоа и Маркиз де Сад. Ги има напишано романите “Гола Периде”  (Nü Peride), “Сенката што живее” (Gölge Yaşatan), “Струма”, “Допир” (İlişmek), “Ежово растојание” (Kirpi Mesafesi). Добитник е на наградата Јунус Нади (Yunus Nadi) за најдобар роман.