Ѕвездата на социјалните мрежи, нилскиот коњ од Зоолошката во Тајланд, ја предвиде победата на Трамп

72

Ѕвездата на социјалните мрежи, нилскиот коњ Му Денг од зоолошката градина во Тајланд, денеска предвиде дека републиканецот Доналд Трамп ќе победи на претседателските избори во САД.

Му Денг од двете понудени јадења го избра „оброкот на Трамп“, за да процени кој ќе победи на неизвесните избори во САД.

Нилскиот коњ, четиримесечна женка, стана ѕвезда на „ТикТок“ и „Инстаграм“ поради своите лудории, а на тој начин влијаеше и на подобра продажба на билети за зоолошката градина во градот Као Кеову, во централниот дел на Тајланд.

На животното му беа понудени два оброка од резбарено овошје и секој со име. На едниот беше името на демократската кандидатка Камала Харис (Харис), а на другиот беше името на поранешниот претседател Трамп.

Му Денг, чиј вид е загрозен, стана особено популарна во САД, до тој степен што комичарот Бовен Јанг (Бовен Јанг) ја имитираше во скеч на култната американска телевизиска програма „Saturday Night Live“, емитувана од „Ен-Би-Си“.

Таа американска телевизиска мрежа ги објави резултатите од хумористичната анкета, но направи и дополнителна анкета за тоа кој би победил доколку кандидати на изборите бидат Му Денг, Камала Харис и Трамп.

Му Денг би победила со 93 отсто од гласовите. Според сериозните истражувања на јавното мислење, неизвесен е исходот од претседателските избори во САД.

Егзотичните животни редовно ги „предвидуваат“ резултатите од некои светски настани, понекогаш и со успех.

За време на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, познатиот машки октопод Пол ги предвиде победниците на натпреварите избирајќи помеѓу две кутии во кои има храна.

Тој од својот германски аквариум ги погоди резултатите од сите натпревари на германската репрезентација, како и победата на Шпанија во финалето.