Џулијан Мур во солзи, Тилда Свинтон во болка: Необичен прв трејлер за новиот филм на Алмодовар/ВИДЕО

56

Објавен е првиот трејлер за новиот филм на легендарниот Педро Алмодовар „The Room Next Door“, кој премиерно ќе биде прикажан на филмскиот фестивал во Венеција.

Ова е првиот филм на Алмодовар целосно на англиски јазик, со Џулијан Мур и Тилда Свинтон во главните улоги.

Иако во трејлерот не се кажува ниту еден збор, можеме да видиме за какво достигнување станува збор. Жилиен е во солзи, Тилда бво болки. Околината е полна со живи бои, но е вознемирувачка.

Во синопсисот се наведува следново:

„Заладените односи на Мартина (Мур) со нејзината мајка целосно пропаѓа кога едно недоразбирање ги оддалечува уште повеќе. Нивната заедничка пријателка Ингрид (Свинтон) ги разбира двете страни“.

Познавајќи го Алмодовар, сигурно повторно подготвил ремек дело.

Познатиот режисер планираше да го направи „A Manual for Cleaning Women“, адаптација на расказите на Лусија Берлин со Кејт Бланшет во главната улога и да го направи својот прв филм на англиски јазик. Сепак, тој потоа го префрли својот фокус на „The Room Next Door“.

Овој филм го проширува интересот на Алмодовар за испитување на политиката на неговата земја. Во остварувањето „Паралелна мајка“ тој ја искористи мелодрамата за да ја согелда Шпанската граѓанска војна под диктаторскиот режим на Франциско Франко, па во доцната фаза од кариерата е исклучително посветен на темата политика.

Свинтон за IndieWire рече само една работа за овој нов филм.

„Тоа е убав филм и не можам да кажам повеќе за него, но можам да кажам дека е вистински алмодоварски филм, кој некако се занимава со зрело пријателство“, истакна актерката и додаде дека овој наслов е „природен наследник“ на вториот филм на легендарниот режисер на „Pain and Glory“.