Џенифер Лопез се покаја за разводот: На секој начин се обидува да се смири со Афлек

1340

Џенифер Лопез (55) пред неколку месеци поднесе барање за развод од Бен Афлек (52). Но, изгледа дека латино дивата се обидува да ги измазне работите меѓу нив, а среде разводот повторно се обидува да му се доближи.

Таа реши да игра на семејната карта, па заедничкото време го користи за повторно да ги разгори искрите, пишува магазинот „Марка“.

„Бен се обидува да се дистанцира од Џен, но таа едноставно не му дозволува. Таа се појавила на истите настани како него и барала да продолжат да прават групни активности со децата, а ако тој не се согласи, тогаш e nегативецот. Сега тој ги притиска заедно да ги прослават Денот на благодарноста и Божиќ, велејќи дека тоа е за децата, но Бен не верува дека се работи само за нив“, изјави близок извор за магазинот Марка.

Странските медиуми додаваат дека Џенифер ја изразила својата загриженост за тоа како нивните деца ќе се справат со разводот, бидејќи нивните семејства се зближиле за време на нивниот брак.

Лопез и Афлек беа заедно пред повеќе од 20 години откако првпат се сретнаа на снимањето на комедијата „Џигли“. Парот првпат се вери во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја одложија венчавката наведувајќи го „прекумерното медиумско внимание“.

Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна повторно и дадоа шанса на својата љубов, која не траеше долго.

ИЗДВОЕНИ