Џефри Сакс брутално искрен: Го бомбардиравме Белград за да ја распарчиме Србија и да создадеме држава Косово каде што имаме воена база

21252

Седумдесет и осум дена го бомбардиравме Белград. Апсолутно лош потег. Бомбардиравме една европска престолнина цели 78 дена, изјави професорот Сакс. Додаде дека целта била да се скрши Србија и да се создаде нова држава – Косово, каде што е поставена најголемата американска воена база во Југоисточна Европа.

Ние сме земја на вечна војна. Србија не ја бомбардиравме затоа што сакавме да го заштитиме муслиманското население, туку затоа што сакавме да ја распарчиме и да направиме нова држава – Косово, каде што ја поставивме нашата најголема воена база во Југоисточна Европа. Едноставно требаше да се спаси американската воена инсталација.

Познатиот американски економист и професор на Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс, ја фрли оваа „бомба“ во шоуто на новинарот Такер Карлсон. Неговото откривање нова вистина за мотивите за НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година го изненади и самиот Карлсон.

Брутално искрен, меѓу другото, Сакс рече дека спасувањето на производителите на оружје е повисок приоритет за коалицијата НАТО отколку, како што се изрази Карлсон кога го праша, „угнетеното муслиманско население“.

Во интервју за американскиот новинар Такер Карлсон, тој рече дека во текот на 1990-тите, САД продолжиле еднострано да прават работи што биле навистина срамота. Како што наведе, 78 дена ја бомбардирале Србија и тоа било сосема лошо и погрешно.

– Во 1999 година 78 дена го бомбардиравме Белград. Лош потег. Апсолутно. 78 дена ја бомбардиравме европската престолнина. Поентата беше да се подели Србија и да се создаде нова држава Косово, каде што ја имаме најголемата воена база на НАТО во Југоисточна Европа, истакна Сакс.

Тој посочи дека САД ја отвориле базата „Бондстил“ бидејќи сакале да имаат база во Југоисточна Европа.

Сакс потсети дека во документот насловен „Обнова на американската одбрана“, објавен во 2000 година, се наведува дека „Балканот е нова стратешка област за САД и дека голем број војници мора да бидат преместени во регионот“.

– Тоа е затоа што нивната идеја не е само да имаме добри односи и мир. Ни требаат воени бази, со распоредување на нашата војска насекаде во светот. Затоа сакаа голема база во Југоисточна Европа, рече професорот.

Тој додаде дека не ја сакале Србија поради нејзината блискост со Русија.

– Не ја сакаа Србија, таа беше блиска со Русија. Знаете, „ние сме суперсила, правиме што сакаме“. Затоа ја поделија државата, а сега тврдат дека никогаш не го правиме тоа, дека никогаш не менуваме граници. Ја распарчивме Србија, со нашата декларација воспоставивме нова државата Косово, поставивме огромна база на НАТО таму и тоа беше целта, рече Сакс.

Карлсон се надоврза со прашањето „Дали целта не беше да се спаси муслиманското население?“, на што Сакс јасно стави до знаење дека целта е да се спаси американскиот воено-индустриски комплекс.

Водителот потоа забележа дека американските сили убиваат невини граѓани и уништуваат градови.

– Знаете, тоа беше тажно. Но, правиме многу тажни и деструктивни работи. Почнуваме многу војни. Ние сме земја на вечна војна, одговори Сакс и иронично заклучи дека САД „не гледаат назад“ и дека „не треба ни да се зборува за тоа“.

Акцијата за бомбардирање на СР Југославија НАТО ја почна на 24 март 1999 година, во 19:45 часот и тоа на своја рака, без одобрение на Советот за безбедност, затоа што Кина и Русија се заканија дека ќе стават вето. Како непосредна причина за акцијата беа наведени убиствата во косовското село  Рачак и одбивањето на југословенската делегација да го потпише договорот од Рамбуе.

Прво беа нападнати воени цели, а подоцна воздушните напади беа проширени и на комерцијални и цивилни објекти. Во нападите кои траеја 78 дена без прекин. Бројот на жртви не е точно утврден, но се проценува дека во бомбардиеањата загинале меѓу 1.200 и 1.400 цивили, а над 12.000 луѓе биле ранети. Од бомбардирањето сериозно беа оштетени инфраструктура, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Проценета е штета од 30 до 100 милијарди американски долари.

Нападите престанаа на 10 јуни по потпишувањето на воено-техничкиот договор во Куманово за повлекување на југословенската војска и полиција од Косово и Метохија. Истиот ден, Советот за безбедност ја усвои Резолуцијата 1244 според која СР Југославија (Србија) го задржува суверенитетот над Косово и Метохија, при што покраината станува меѓународен протекторат под управа на УНМИК и КФОР. Но, на 17 февруари 2008 година, во Собранието на Косово, косовските Албанци еднострано прогласија независност на Косово, која Србија и приближно половина од земјите членки на ОН не ја признаваат.