Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја совладаа Хрватска со 110:90 и со тоа дојдоа на чекор до пласман на Евробаскетот 2025. За конечно да ја „заверат визата“, кошаркарите на БиХ ќе треба да постигнат подобар скор од Хрватска на натпреварите против Франција и против Кипар, што значи дека нивните шанси се многу поголеми од оние на „коцкестите“.
БиХ имаше голема помош од својот најдобар кошаркар, Џанан Муса, кој постигна 19 поени и кој по мечот откри дека имале посебен мотив за победа. За жал, мајката на Адин Врабац е во болница и се бори за живот, а тој го заврши мечот со шест поени, три асистенции и со два скока.
- Сега ќе ви кажам. Мајката на Адин Врабац моментално е во болница, се бори за живот и се надевам дека сè ќе биде како што треба. Во оваа пригода, ѝ посакувам брзо закрепнување – изјави Џанан Муса.