Основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ го одбележа завршниот настан на кампањата „Засади желба за одржлива иднина“. Притоа, засадени се 15 нови садници.
– Со учениците и заедно со КБ Прво пензиско друштво, Триглав пензиско друштво и Сава пензиско друштво АД Скопје, ги поттикнуваме младите да ја разберат важноста на финансиското планирање – истакнаа од Општина Центар.
Целта на оваа иницијатива е да ја подигне свеста за пензиското штедење и за значењето на долгорочното планирање.