EPA-EFE/DANIEL IRUNGU

Холандската пливачка Шерон ван Рувендал, двократна олимписка шампионка во трка на отворени води на 10 километри, објави дека ќе го пропушти годинашното Светско првенство во Сингапур.

  • По долго размислување, решив да не се натпреварувам на Светското првенство во Сингапур, во 2025 година. Место тоа, моментално се фокусирам на нешто што ме исполнува: враќање на спортот. Преку пливачки кампови во светот, го споделувам моето искуство и ја инспирирам следната генерација пливачи. Ова е како драгоцена кариера – напиша пливачката на социјалните мрежи.

Ван Рувендал е олимписка шампионка од Рио 2016 и од Париз 2024 година, а го освои и среброто на Олимписките игри во Токио, во 2021 година. Таа освои 10 медали на светските првенства, вклучувајќи и два златни медали на последниот планетарен собир во Доха.

Светското првенство во водни спортови оваа година ќе се одржи во Сингапур, од 11 јули до 3 август.

ИЗДВОЕНИ