Две лица беа убиени во четвртокот вечерта во Калесија, општина во Босна и Херцеговина, а сторителот е во бегство. Како што потврди за Klix.ba Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла, пронајдени се телата на жена и нејзиниот 13-годишен син.
Безживотните тела се пронајдени во станбено-деловен објект, а како што неофицијално дознава порталот, мажот и жртвата формално се разведени, но живееле заедно.
![](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/02/ubiec-bih-fb.webp)
Повеќе детали ќе се знаат подоцна“, изјави Арнаутовиќ и додаде дека се уште не е познат начинот на убиството. Како што дознава Klix.ba, Селимовиќ работела на пазарот во станбено-деловната зграда каде живеела со нејзиниот син и поранешниот сопруг.