Двојно поевтинува паркирањето во Гостивар

17

Паркирањето во Општина Гостивар ќе биде двојно поевтино. За еден час паркирање, ЈП „Паркинзи и зеленило“ ќе наплаќа 25, наместо досегашните 40 денари.

Така одлучи Советот на Општината на последната седница. Во образложенијата при дискусиите беше кажано дека со оваа одлука се враќа старата цена за паркирање, што во значителна мера ќе им го олесни финансискиот товар на граѓаните.

Советниците ја прифатија и одлуката на Управниот одбор на ЈП „Градски паркинзи и зеленило – Гостивар за усвојување измени и дополнување на Правилникот за начинот и условите на паркирање, времетраењето на паркирањето на јавните паркиралишта од значење за Општина Гостивар.

Во иднина, со новата регулатива на јавното претпријатие, превидено е намалување и на цената за блокирање погрешно паркирани возила, од 1.200 денари на 600 денари и намалување на времетраењето за платен паркинг. 

 

ИЗДВОЕНИ