Ако Ненад Димитријевиќ не доби право за настап за натпреварите на Македонија против Литванија (барем за првиот во Скопје), тоа не му се случи и на Марио Хезоња, кој ќе ја предводи Хрватска против БиХ, во клучниот натпревар за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Кошаркарот ќе добие „зелено светло“ од Реал Мадрид да настапи за својата селекција во квалификациите, односно ќе отсуствува од евролигачкиот меч кој го игра Реал против Алба дома, барем според пишувањата на шпански „АС“.
За разлика од Хезоња, Димитријевиќ не доби позитивен одговор за настап за Македонија од челниците на Армани Милано, односно ќе мора да го одработи евролигашкиот натпревар со Макаби Тел Авив дома, а потоа најверојатно ќе се приклучи во националниот тим за средбата во Литванија.