Во пресрет на најголемиот христијански празник, Велигден, хуманитарната организација „Биди Али“, во соработка со хумани луѓе, ќе донира 200 табли јајца и неколку пакети храна за ранливите категории граѓани.
Познатиот хуманист Али Февзи објасни дека од понеделник ќе бидат испратени пакетите во другите села и градови од државата, по карго, благодарение на „Карго екологистик“, а семејствата од Скопје ќе може да ја земат донацијата (табли јајца) во вторник и среда, од пред неговиот берберски салон „Фризура“ во Аеродром.
– Секој што има потреба од ваков вид помош, нека ме контактира во инбокс за да биде ставен на список – пишува Февзи на „Фејсбук“.
Тој порачува секој да биде хуман за да нема гладни, да помогне без да чека на институциите, како што, впрочем, и се вика неговиот проект „Да нема гладни, да нема тажни дечиња“.