Две шахти зјаат во Аеродром, жителите да внимаваат!  

30

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) алармираат за две отворени шахти во Општина Аеродром, кои претставуваат опасност за граѓаните.

Оттаму појаснуваат дека двете отворени шахти, преку социјалните медиуми, биле пријавени минатата седмица – едната спроти трговскиот центар „Скопјанка“, а другата веднаш по подземниот премин на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“, зграда број 28, пред „Спорт лајф“.

Од ЦУК велат дека веднаш биле информирани надлежните од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму им било кажано дека двете шахти се во сопственост на станарите и на деловните објекти во околните згради.

Објавено е и видео на јутјуб-каналот на ЦУК, каде што директорот Стојанче Ангелов упатува апел за итно преземање мерки околу шахтата спроти ТЦ „Скопјанка“. Тој нагласува дека постои ризик граѓаните да добијат сериозни повреди.

 

ИЗДВОЕНИ