ДВЕ ОД НИВ СЕ ДЕЦА: Хамас утре ги предава телата на 4 мртви израелски заложници/ФОТО

1027

Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел добил список на мртви заложници на Хамас чии тела треба да бидат вратени утре.

Се додава дека телата се идентификувани како Шири Бибас, Ариел Бибас, Кфри Бибас и Одед Лифшиќ и дека се известени нивните семејства.

Во видео изјава по тој повод, премиерот Нетанјаху рече:

„Утре ќе биде многу тежок ден за Израел – шокантен ден, ден на тага. Донесуваме дома четворица наши сакани, киднапирани. Ние сме со нивните семејства, а срцето на целата нација е растргнато, а тоа требаше да биде срцето на целиот свет, бидејќи овде гледаме со кого си имаме работа – чудовишта“, рече Нетанјаху.

Хамас во вторникот објави дека во четврток ќе ги предаде телата на четворицата израелски заложници, меѓу кои и двајцата најмлади – Кфир и Ариел Бибас. Хамас потоа објави дека во сабота ќе ослободи шест живи заложници.

Се очекува Израел да ги ослободи палестинските затвореници во замена за израелските, како и претходните недели.

Во ноември 2023 година, Хамас тврдеше дека Кфир и Ариел Бибас биле убиени заедно со нивната мајка во израелски воздушен напад и објави видео од нивниот татко Јарден, кој исто така бил заложник, во кое за нивната смрт го обвинува израелскиот премиер. Портпаролот на израелската армија тогаш видеото го нарече „психолошки терор“, но војската им кажа на роднините дека можеби не се живи.

Хамас го ослободи Жарден Бибас, жив, на 1 февруари.

Семејството Бибас, а особено Кфир, станаа една од најпрепознатливите жртви на нападот на 7 октомври.

Сликата на Кфир е прикажана на многу постери кои беа изложени низ Израел и светот во последните 15 месеци, а кои повикуваат на ослободување на заложниците. Во него црвенокосото момче држи розова играчка слон и со насмевка гледа директно во камерата.

 

ИЗДВОЕНИ