Две лица се повредени откако автомобил синоќа излета во реката Вардар во селото Челопек.
Од полицијата информираат дека случајот е пријавен во 19:40 часот, дека на локалниот пат за село Челопек, кај мостот на река Вардар, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Тетово, излетало во реката.
-Притоа со телесни повреди се здобиле возачот и една малолетна сопатничка, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.