Две едномесечни женски бебиња кои во вторникот беа тешко повредени во сообраќајна несреќа во која учествуваа два патнички автомобили на патот Нови Сад – Зрењанин им подлегнаа на повредите, изјави за РТС, Александар Раденковиќ, од Управата за сообраќајна полиција.
Бебињата вчера биле примени во Детската болница во Нови Сад со исклучително тешки повреди опасни по живот.
Покрај нив, екипата на итната помош од Нови Сад згрижила и транспортирала двајца мажи на возраст од 43 и 34 години и една жена на возраст од 34 години.
Сите со повеќе политрауматски повреди се пренесени во Ургентниот центар за реанимација, потврди за РТС портпаролот на Институтот за итна медицина, д-р Зоран Круља.
Според неофицијални информации, возачот на патничкото возило од засега неутврдени причини влегол во спротивната лента и директно се судрил со друг автомобил.