Две деца се повредени откако во нив удрил автомобил на булеварот Партизански одреди, неофицијално дознава ВЕЧЕР. Едното дете било со велосипед а другото се движело пеш кога во нив удрило возилото. Полицијата и надлежен обвинител прават увид на местото на несреќата. На децата им е укажана лекарска помош.
Доцна попладнето МВР ги соопшти деталите од новата сообраќајка на Партизанска кај Тафталиџе 2.

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед. Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош. Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.