Две деца исчезнаа во Грција: Активирана е килибарна тревога – сите сомнежи водат до нивната мајка

569

Грчката полиција трага по две деца кои беа пријавени за исчезнати на 13 јули на островот Родос.Исчезнувањето на две малолетни деца во Родос предизвика активирање на Amber Alert во Грција.

Како што пишуваат грчките медиуми, тие биле киднапирани од нивната мајка и речиси еден месец од нив нема ни трага ни глас. Во Грција е активирана килибарна тревога со за трагање по децата, за кои се верува дека се во опасност, пишуваат грчките медиуми.

Мајката ги земала синот Јоанис Рафаел Апостолакис (8) и ќерката Ирини – Агапи Апостолакис (6) и исчезнала во непознат правец, а полицијата бара секој кој ги видел децата или има некаква информација да ја извести најблиската полициска станица.