Двајца загинаа, а шестмина се повредени при судар на товарни возови кај Софија

16

Два товарни воза се судрија во близина на железничката станица Кремиковци, недалеку од бугарската престолнина Софија, јавува БТВ. Двајца загинати и шестмина повредени е трагичниот биланс од директниот судир на два товарни воза што се случи во предградието Кремиковци во Софија, Бугарија. Несреќата се случила околу 16 часот, при што веднаш по ударот избувнал пожар во еден од возовите, кој бил брзо изгаснат.

„Два товарни воза директно се судрија во близина на Софија. Сигналот за несреќата е примен нешто по 16 часот“, се наведува во извештајот.

Според изјавите на Љубомир Николов, шеф на одделот за внатрешни работи на главниот град, во двата воза имало вкупно осум лица. Николов објаснил дека возовите се движеле по иста линија, што најверојатно е последица на грешка во управувањето со железничкиот сообраќај. Едниот воз пренесувал метали, додека другиот мебел.

Шестмината повредени веднаш биле пренесени во болница, од кои двајца се во критична состојба, потврди бугарското Министерство за здравство.

Неколку часа по несреќата, привремениот премиер Димитар Главцев донесе одлука за разрешување на Бишер Минцев, заменик-министерот за транспорт задолжен за железничкиот сектор.

ИЗДВОЕНИ