Македонци загинаа во несреќа во Италија, пишуваат италијанските медиуми.
Две лица од Македонија вчера загинале во сообраќајна несреќа во близина на Боскалто ди Лореџија, Италија. Се работи за Б.Б. (53) од село Жировница и Ф.Е. (65).
Тие се враќале по напорната работа во нивниот дом во областа Тревизо каде комбето директно се судрило со камион.
Во возилото се наоѓале тројцата станари, двајца Македонци и Босанец, од повредите на ударот лекар на итната медицинска помош кај двајцата Македонци констатирал смрт.