Две лице го загубија животот во сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот патен правец Охрид- Кичево, во близина на селото Ботун.
До несреќата дошло при превртување на возило што се движело од насока од Кичево кон Охрид, на девијацијата на патот во изградба, пред селото Ботун.
Надлежните служби се на терен и вршат увид, а спасувачките екипи работат на извлекување на возилото од водата. Причините за несреќата сè уште не се познати.
На тоа место моментално се работи на изградбата на новиот автопат, а сообраќајот се одвива со девијации односно со пренасочување на возилата од една на друга автопатска лента.