Двајца станари, полицаец и пожарникар повредени во пожар во стан во Кисела Вода/ФОТО

403

Четири лица се повредени, во пожар во зграда во Кисела Вода кој избил доцна синоќа. Во несреќата се повредени двајца станари, еден полицаец и еден пожарникар.

Еден од становите е целосно изгорен, а од пожарот се зафатени уште неколку стана. Жителите на зградата биле евакуирани оттаму и пренесени во општинската зграда, информира градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски.

„Оваа ноќ ќе ја поминеме заедно, ќе најдеме и преноќиште а уште рано наутро ќе помогнеме со сите расположливи ресурси и оваа трагедија, заеднички ќе ја надминеме. Заеднички ќе најдеме решение за сѐ ова, мојот народ не го оставам на милост и немилост – напиша Ѓорѓиевски синоќа на Фејсбук.

Ѓориевски се заблагодари за смиреноста на станарите на зградата, а благодарност упати и до екипите на скопската противпожарна единица и до полицијата.

„Со својата професионалност беа на висината на задачата и поради што пожарот е локализиран, а што е најважно нема човечки жртви“, напиша тој.

ИЗДВОЕНИ