Двајца на возраст од над 65 години починале од Ковид 19 изминатата недела стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Лицата се од Демир Хисар и од Охрид, биле вакцинирани со три дози од пред исто толку години, но со други пропратни болести.
Со заладувањето порасна и бројот на тестирања за Ковид 19 во земјава, според Јавно здравје изминатата недела направени се вкупно 341 тест за присуство на САРС КОВИД 2, а регистрирани се 45 нови позитивни случаи. Заболените се од 10 градови, најмногу се од Скопје на возраст од над 60 години. Институтот во својот извештај бележи и 68 оздравени.
Граѓаните бараат совети од лекарите и на социјалните мрежи
,,Колку дена од позитивен тест на ковид со симптоми на покачена температура, кашлица и затнат нос се пренесува вирусот?, прашува заболено лице на Фејсбук групата Ковид 19 искуства и совети.
Епидемиологот Драган Даниловски објаснува дека заразноста на вирусот започнува еден до два дена од почетокот на симптомите и трае од три до пет дена, а во некои случаеви и повеќе. Според неговиот одговор на оваа актуелна група за Ковид 19, најдобар показател е температурата.
-,, Ако температурата е нормална во текот на едно деноноќие бе да се пие парацетамол тогаш заразност веќе нема,, пишува доктор Даниловски.
Од почетокот на годината регистрирани се вкупно 1669 заболени, а 23 –ца починале како последица од короната. Најголем ден од заболените се од Скопје, Битола и Куманово, а починатите најмногу се од Охрид, Кавадарци и Прилеп.
Здравствените институции детектираат зголемување на активноста на вирусот, апелираат граѓаните да одат на лекар доколу почувствуваат симптоми на вирус, а на повозрасните им препорачуваат вакцинација.