Двајца членови на екипажот преживеаја, 179 загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја

120
EPA-EFE/YONHAP

Во авионската несреќа што се случи денеска на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја, загинаа 179 лица, додека две лица, членови на екипажот, преживеаја и веднаш беа префрлени во болница, јави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на информации од спасувачките служби. Ројтерс.

Според последните информации, потврдено е дека во оваа трагедија загинале сите патници и четворица членови на екипажот.

Двајца преживеани се членови на екипажот кои успеале да побегнат од остатоците на авионот. Тие со тешки повреди веднаш биле префрлени во блиската болница.

Во знак на почит кон жртвите од оваа трагедија, вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Чои Санг Мок, прогласи седумдневна жалост.

Тој најави и дека граѓаните ширум државата ќе можат да им оддадат почит на загинатите на 17 различни локации, кои ќе бидат поставени за оваа намена.

ИЗДВОЕНИ