Два воени авиони во Франција се судрија во тек на пробни летови и акробации – пилотите успеале да се катапултираат/видео

627
Фото:принтскрин Х

Два авиони од системот на француската акробатска група Патруи ду Франс се урнаа во текот на пробните летови и акробации, соопшти францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну на платформата Х.

 

Обајцата пилоти и патник успеале да се катапултираат и се пронајдени во свесна состојба. Две лица се превезени во локаната болница, додека на третото му пружа помош војската.

Несреќата се случила во тек на вежба во близина на аеродромската база 113 во Сан-Дизие.

ИЗДВОЕНИ