Два супермаркети ќе одговараат за нефер трговски практики

98

Комисијата за заштита на конкуренцијата соопшти дека поведе прекршочни постапки против два синџири на супермаркети по започнувањето на примената на Законот за нефер трговски практики.

„Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамките на своите овластувања и надлежности, во изминатиот период изврши повеќе дејствија во правните субјекти кои се опфатени со Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Врз основ на прибавените податоци, против две друштва кои се активни во трговијата на земјоделски и прехранбени производи, преку своја малопродажна мрежа на територијата на Македонија, поведена е прекршочна постапка поради непочитување на одредбите од Законот.

Ако по завршување на прекршочната постапка се потврди постоењето на прекршок, против правните и одговорните лица во нов ќе бидат изречени соодветни казни поради сторените прекршоци“, објави КЗК.

Со законот се опфатени 2.546 производи по тарифен број, а претходно се утврдени 26 нефер трговски практики. Ристески нагласува дека контролата ќе биде строга, но дека за целосна имплементација и значителни ефекти од овој Закон, треба да помине барем една година.

ИЗДВОЕНИ