Два хороскопски знака ќе останат „шворц“ на самиот крај на годинава: Скапо ќе ги платат своите грешки и непромислени потези

89

За само два дена нè очекува полна месечина во Близнаци (15 декември), многу предизвикувачки астролошки период кој носи избрзани потези. Бидејќи полната месечина ќе им се придружи на ретроградните Марс и Меркур, астролозите се согласуваат дека овој период негативно ќе влијае на одредени знаци.

Близнаците и Лавот имаат големи шанси да банкротираат во следните седум дена.

Ретроградното влијание на планетите ќе се одрази негативно на сите знаци, но некои ќе бидат под силно влијание на Марс и Меркур, па ќе направат погрешни финансиски потези.

Лавовите и Близнаците се на удар во неделата што претстои до 20 декември.

БЛИЗНАЦИ
Со денови правите непромислени движења и непромислени купувања. Поради ова, лесно можете да останете без пари, бидејќи немате јасна претстава како тоа ќе влијае на вашите финансии.

ЛАВ
Бидејќи Меркур е ретрограден до 17 декември, вие постојано правите погрешни инвестиции. Дури по 17 декември ќе сфатите колку сте згрешиле во претходниот период.