Основачот на Телеграм, Павле Дуров пристигна во Франција на покана на претседателот Емануел Макрон, пишува „Le Canard Chainé“, повикувајќи се на извор во Елисејската палата.
Во написот се наведува дека за време на сослушувањето во полиција, Дуров рекол дека претседателот на Франција го поканил на вечера. Но, полицијата го привела на аеродромот.
Париз се уште официјално не ја коментирал оваа информација.
Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Русија очекува одговор од Франција на нотата во врска со притворот на Дуров и дека сега се размислува. Според него, со приведувањето на Дуров, француските власти покажале дека Телеграм е сигурен гласник од гледна точка на заштита на информациите, пренесува Спутник.