Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки, што во претходните три дена ги направиле инспектори за патен сообраќај, неправилности се утврдени  кај 21 правно и физичко лице и им се изречени соодветни казни. Заради констатираните неправилности изречени се казни на „Дурмо турс“ од Гостивар, „Дени интернационал“ од Илинден, „Свис мак алигега“ од Гостивар; „Зем промет – компани“ од Сарај, „Словин Билјана“ од Охрид, „Бис“ од Охрид; „Пештер ДОО“ од Чаир, „Димитриоски“ од Гази Баба, „Хисари-ГД“ од Дебар, „Инком бизнис“ од Куманово и „Палас експорт-импорт“ од Гостивар

 

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки, што во претходните три дена ги направиле инспектори за патен сообраќај, неправилности се утврдени кај 21 правно и физичко лице и им се изречени соодветни казни.

– Инспекциските надзори што ги спроведе Државен инспекторат за транспорт е во согласност со нивниот Акциски план и дека за утврдените неправилности ќе бидат информирани Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, со цел нивно натамошно постапување – велат од Државниот инспекторат за транспорт.

Заради констатираните неправилности изречени се казни на „Дурмо турс“ од Гостивар, „Дени интернационал“ од Илинден, „Свис мак алигега“ од Гостивар; „Зем промет – компани“ од Сарај, „Словин Билјана“ од Охрид, „Бис“ од Охрид; „Пештер ДОО“ од Чаир, „Димитриоски“ од Гази Баба, „Хисари-ГД“ од Дебар, „Инком бизнис“ од Куманово и „Палас експорт-импорт“ од Гостивар.

Покрај овие 11 правни лица, биле констатирани и неправилности кај 10 физички лица кои вршат дејности за превоз на патници и стока.

Државниот инспекторат за транспорт информира дека согласно донесениот Акциски план за инспекциски надзори при превоз на патници и стока, од денеска инспектори ќе спроведуваат секојдневни интензивни инспекциски контроли над превоз на патници и стока, проверка на документи (лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати за професионална компетентност на возач, тахографи), надзор на безбедноста во сообраќајот и спречување нелегален превоз.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, оценува дека има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи. Тој нагласува дека во одредени инспекторати со големи ингеренции има само по десетина инспектори за дејствување на територијата на целата држава, а одредени сектори се превработени со лица.

– Дали тоа некој го правел намерно, за да може ваков систем да царува во државата или е случајно, денес веќе е неважно, важно е како ние ќе се организираме во иднина и мислам дека инспекторатите мора да зајакнат, да се зголеми бројот на вработени, пред сè инспектори, не административци, како би можеле да ја покриваат целата територија – истакна Николоски и најави и одговорност за сите кои го изигруваат и не го почитуваат законот.

Акциска контрола во Тетово и Гостивар – контролирани 16 угостителски објекти, три се затворени

Во саботата полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, Градежен инспекторат и Комунална инспекција, извршиле акциска контрола во 16 угостителски објекти (шест во Тетово и десет во Гостивар), кај кои биле констатирани неправилности.

Преземените координирани мерки и активности се насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар., со приоритетна цел на сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности.

Од страна на ДПИ, ДЗС и УЈП ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ се затворени два угостителски објекти во Тетово и еден во Гостивар.

ИЗДВОЕНИ