EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Последниот ден за тргување во НБА заврши, а во него се случија неколку трејдови. Најголемо внимание привлече Кевин Дурант, за кого имаше шпекулации дека ќе замине од Феникс, но на крајот остана во клубот. „Сонцата“ сакаа да го трејдуваат по секоја цена, но речиси никој не сакаше да го земе.

Затоа пак, трејдуван е Богдан Богдановиќ, кој кариерата ќе ја продолжи во редовите на Лос Анџелес Клиперс. Од српските кошаркари, и Василије Мициќ го промени клубот, па така во иднина ќе игра за Феникс, заедно со Дурант. „Јастребите“ направија најмногу промени, кои покрај Богдановиќ го земаа и Коди Зелер. Почнаа да градат нов тим, па останува прашањето дали тоа значи дека летово ќе трејдуваат и својот најдобар играч Тре Јанг.

Од останатите трејдови, Кевин Портер јуниор замина во Милвоки, Маркус Смарт потпиша за Вашингтон.

ИЗДВОЕНИ