ДУИ бара предвремени парламентарни избори

84

Демократската унија за интеграција продолжува да бара предвремени парламентарни избори. Од таму го оправдуваат ова со тоа што Владата ја води земјата во погрешна насока, со тоа што, како што велат, целосно го отстранува европското досие на земјата и можноста за продолжување на преговорите со ЕУ. Тие исто така ги обвинуваат за поткопување на механизмите што произлегуваат од Охридскиот договор и за целосна заробеност на судскиот систем.

-Оваа неприродна состојба создава јасна и недвосмислена потреба кај граѓаните за политичко преиспитување на Власта. На државата ѝ е потребна долгорочна политичка стабилност што единствено може да се обезбеди преку одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните, велат од ДУИ.

ИЗДВОЕНИ