Дуда нема да присуствува на церемонијата на преземањето на полското претседавање со ЕУ

42
epa08190356 Polish President Andrzej Duda during a press conference with French President Emmanuel Macron (not seen) after a meeting in the Presidential Palace in Warsaw, Poland, 03 February 2020. French President Emmanuel Macron started a official two-day visit to Poland on Monday. EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT
Претседателот на Полска Анджеј Дуда нема да присуствува на свечената церемонија на преземање на отворањето на полското претседавање со Советот на ЕУ, објави полскиот ТВ канал Полсат њуз.
Заменичката на полскиот министер за европски прашања Магдалена Собјовјак-Чарнеска изјави дека, според нејзините информации, Дуда не ја прифатил поканата да учествува на церемонијата.
Претставничката на кабинетот на претседателот на Полска Малгожата Папротска ијзави за каналот ТВН24 дека наместо Дуда на церемонијата ќе присуствува заменикот министер за надворешни работи Војчех Гервел.
Претходно беше соопштено дека полските власти не го поканиле унгарскиот премиер Виктор Орбан, ниту унгарскиот амбасадор во Полска на официјалната церемонија која ќе биде одржана вечерва во Националната опера во Варшава.
Варшава претходно ја осуди одлуката на Будимпешта да му даде политички азил на поранешниот заменик министер за правда на Полска, амбасадор во Сејм, Марчин Романовски, осомничен за корупција, за кој неодамна беше распишана меѓународна потерница, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ