ДСЗИ околу здравствената евиденција не констатира недостатоци во случајот со починатиот пациент од Кардиохирургија

34

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) согласно надклежностите, во делот на водењето на здравствената евиденција нема констатирано недостатоци, додека во делот на стручното работење на здравствените работници иницира формирање комисија за стручен надзор од страна на министерот за здравство, потврди попладнево за МИА, директорот на Инспекторатот, доктор Кирил Лазов.

Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска спроведен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за државна кардиохирургија – Скопје по издадена наредба од министерот за здравство Арбен Таравари, а во врска со третманот и лекувањето на сега починатиот пациент T.A од Скопје.

-Од увидот во основната медицинска документација за пациентот, историја на болест,упати и извештаи од интегрираниот информатички систем – Мој термин, изјави од ординирачки доктор субспецијалист васкуларен хирург и доктор на дежурство специјалист кардиохирург е констатирно дека пациентот Т.А е донесен на ЈЗУ УК за државна кардиохирургија – Скопје на ден 08.04.2025 со возило на ИМП како итен случај упатен со Dg R10 -Абдоминална болка по претходно спроведени иследувања во ЈЗУ ГОБ 8 Септември : ЕХО преглед на абдомен и КТ со наод за дисекција на аорта, појасни директорот на ДСЗИ.

По прием на ЈЗУ УК за државна кардиохирургија, пациентот бил прегледан од страна на дежурен лекар специјалист кардиохирург, евидентирана анамнеза и наод и консултиран субспецијалист васкуларен хирург по што и креиран е болнички упат и запис за прием во 15:23 под Dg: IZ1.03 дисекција на торакоабдоминална аорта Stanford tip B Dissectio.

-Ова е прв прием на пациентот за третман и лекување на ЈЗУ УК за државна кардиохирургија – Скопје и според анамнезата, нема податок дека примал било каква хронична терапија. При прием пациентот бил со јака епигастрична болка која се ширела кон грбот, висок крвен притисок ТА 270/150mm. Направени лабораториски иследувања, инвазивен мониторинг, третман во оддел за интензивна нега, ординирана соодветна терапија после што притисокот се стабилизирал ТА 140/80 и пациентот бил без болки, појасни Лазов.

Во декурзус и отпусно писмо, како што наведува, стои евидентирано дека една од процедурите која била во опција за третман на пациентот е TEVAR,- торакална ендоваскуларна аортна реконструкција, но во моментот на клиниката имало недостаток на стентови за таква интервенција, а ангиографската сала во која се извдуваат такви интервенции е во градежен зафат заради поставување компјутер.

-Поради причините наведени погоре, издаден е упат за ЈЗУ УК за за торакална и васкуларна хирургија – Скопје, но добиен е извештај дека кај нив нема можност за изведување на ендоваскуларен третман поради поправка на дел од ангиографот, а и не се изведуваат интервенции на торакална аорта туку само васкуларни процедури на абдоминална аорта, а уште повеќе што не располагале ниту со TEVAR стент графтови, додаде Лазов за МИА.

Поради наведеното, според отпусно писмо, на семејството им било предложено да побараат второ мислење од друга приватна здравствена установа, што се занимава со ваква проблематика.
-Во тие моменти имало изразена агресија од синот и зетот на пациентот кон здравствените работници заради кое било повикано обезбедување и полиција, рече Лазов за МИА.

За време престојот и иследувањата на клиниката, при ЕХО преглед утврдена е митрална регургитација заради оштетување на срцев залисток кое дополнително доведува до висок ризик од смртност доколку се извршела отворена хирушка интервенција во операционата сала што работи.

-По добиен податок од семејството дека во приватните болници им е побарана висока сума за TEVAR интервенција, им била понудена опција за лекување во странство со предлог од клиниката до ФЗОРСМ, кое семејството го прифатило. За време на престојот на клиниката, пациентот бил стабилен со ТА 130/80 mmHg, но во 5:20ч. наредниот ден , настапува нагло влошување со брадикардија и асистолија, по што пациентот е интубиран, отпочнато со кардиопулмонална реанимација по протокол и после 40минути настапува exitus letalis на ден 09.04.2025г. во 06:45часот, рече Лазов.

Била предложена патоанатомска обдукција, но, како што наведува, семејството одбило.

-Во историјата на болест има потврда за смрт со причина за смрт – Dissectio aortae Stanford type B. Insuffitientio cardio- respiratoria, HTA ( Hypertensio arterialis). Во писмената изјава на субспецијалистот – васкуларен хирург како и во записникот од Стручниот колегиум на клиниката одржан на 14.04.2025г., наведено е дека кај пациентот се работело за т.н. некомплицирана Тип Б дисекција на аорта- со оглед на тоа што симптомите и болките исчезнале и од тие причини пациентот е лекуван конзервативно, додаде директорот на ДСЗИ.

Лекувањето – TEVAR интервенција или отворен хирушки третман, како што појасни, би довело до комплицирана состојба поради неговиот дијагностициран проблем со митрална регургитација и со висок ризик по живот.

Операциона сала што е во фаза на реновирање, како што додаде, ќе продолжела со работа после 15 маг годинава.

-За набавка на стентови за TEVAR интервенција во тек е јавна набавка и истите би биле обезбдени во период кога ќе отпочне со работа реновираната операциона сала, рече Лазов.

Заклучокот бил дека Инспекторатот согласно надклежностите, во делот на водењето на здравствената евиденција нема констатирано недостатоци, додека во делот на стручното работење на здравствените работници иницира формирање комисија за стручен надзор од страна на министерот за здравство.

ИЗДВОЕНИ