Државниот обинител Коцевски: На семејствата на жртвите и на повредените во трагедијата можам да им ветам брза и целосна истрага

74

Државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски, во изјава за медиумите, на семејствата на жртвите и на повредените во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, им вети брза и целосна истрага во која ќе се утврди одговорност за несреќата.

Пет јавни обвинители работат на терен и преземаат мерки за да се утврди што точно се случило во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 51 лица, а најмладото лице има 14 години.

„Формирав тим од 5 јавни обвинители, двајца од Скопје, еден од Штип и двајца од Кочани. Некои од обвинителите се на терен, а други издаваат наредби за одредени процесни дејствија. Ќе се врши увид и ќе се преземат дејствија околу евентуалните сторители, ќе се видат пропустите. Во моментов, јавните обвинители издаваат наредби во однос на евентуална одговорност за евентуални лица кои се инволвирани. На семејствата им изразувам длабоко сочувство, им гарантирам дека истрагата ќе биде целосна и брза, ќе има вештаци од сите области, за да се утврди одговорност“, кажа тој.

Државниот обвинител, Љупчо Коцевски не знаеше да одговори што била причината за пожарот, колку гости загинале, колку се спасиле.

„Да, во моментов ништо не можеме да ви кажеме, работат 5 јавни обвинители, целиот капацитет е спремен. Не може да потврди колку луѓе имало во дискотеката. Првични сознанија ќе има кога ќе заврши увидот. Увидот нема рок ќе трае се додека не биде завршен целосно“, рече Коцевски, иако неофицијално се споделува бројка дека 1700 лица имало во клубот.

Тој ирази длабоко сочувство, најави брза и целосна истрага со вештаци од сите области. Не можеше да каже точна бројка за лицата кои се приведени на разговор, иако медиумите веќе пишуваат дека станува збор за десетина лица.

 

 

ИЗДВОЕНИ