Државните станови во Битола ќе се продаваат по 1.000 евра за квадрат. Оваа одлука ја донесе владата на денешната седница, а на Фејсбук ја објави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
– На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени. 65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен, 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен, 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен. Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови – истакан Николоски.
Тој очекува исти или слични активности и во други општини во периодот што следи.