Државната обвинителка го притиска ФБИ: Објавете ги сите документи за Епштајн!

171

Американската државна обвинителка ги обвини федералните истражители дека затаиле илјадници документи поврзани со сексуалниот престапник Џефри Епштајн и побара од ФБИ да ги објави сите информации до петок наутро.

Во јавното писмо, државната обвинителка Пем Бонди побара од директорот на ФБИ, Каш Пател, исто така да истражи зошто агенцијата задржала илјадници документи поврзани со истрагата за Епштајн. Бонди во четвртокот го објави „првиот дел“ од декласифицираните досиеја, но тие не содржат нови наводи за Епштајн или откритија за неговите соработници, јавува Би-Би-Си.

Епштајн беше уапсен во јули 2019 година под обвинение за сексуална трговија и умре додека го чекаше судењето.

Јавната обвинителка бара сите информации поврзани со Епстајн да бидат предадени до 8:00 часот по EST (13:00 часот по Гринич) во петок „без оглед на тоа како се добиени“.

„Доцна вчера, од извор дознав дека канцеларијата на ФБИ во Њујорк поседува илјадници страници документи поврзани со истрагата и обвинението против Епштајн“, напиша таа во писмото. „И покрај моите повеќекратни барања, ФБИ никогаш не го откри постоењето на досието“.

ИЗДВОЕНИ