Државјанин на БиХ завршил во затвор во Будва: Им се заканувал на вработени во пекарница затоа што бурекот му бил мрсен

123

Во Будва приведен е државјанин на Босна и Херцеговина М.К, пренесува Танјуг.

Како што дознава подгорички „Вијести“, судијата на Судот за прекршоци во Будва го осудил на 20 дена затвор, пресуда која веднаш стапила на сила.

Околу 3 часот и 30 минути по полноќ ги пцуел вработените во пекарница.

„Викни го газдата, ќе викнам полиција, има да ве распарчам да те запалам, сето ова ќе изгори, сакаш да ми ги труеш децата оти бурекот е многу мрсен, сакаш да ме отруеш“, се заканил, а вработената тоа ѝ го кажала на полицијата која го привела.

Еден час подоцна, околу 04:20 часот, на друг вработен му се заканувал и државјанин на БиХ, кој му ги кажал зборовите: „Сакаш да ме отруеш, ќе ве запалам сите, ќе ве убијам сите, она убиството во Цетиње ќе биде ситно“, објави Вијести.

Како што јави РТВ Будва, осомничениот е од Нови Град во Република Српска и е упатен во Управата за извршување на кривични санкции (УИКС) во Спуз.

ИЗДВОЕНИ