Уставниот суд го поништи Закон за данок за солидарност. Тоа значи дека сега државата е должна 50 милиони евра да им врати на 156 компании кои беа оданочени на крајот на 2023 година. Законот опфаќаше компании кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 10 милиони евра.
Главната цел на овој данок беше да се соберат средства за ублажување на економските последици од кризата, како и да се допринесе на јавните расходи на солидарен начин. Иницијативите за оценување на уставноста на законот беше поднесена од страна на неколку компании.
Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон беше поведена на 20 ноември минатата година. Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023 година. Целта беше да се соберат средства за ублажување на последиците од кризата и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.
Пред уставните судии беа три опции поништување на законот, а исто така можеше Законот за солидарен данок да се укине и во иднина ниту да може да се донесе, ниту да се применува, а државата немаше да плати ништо како и да се запре постапката.