На Македонската берза од денеска котираат две државни обврзници со вредност од 89,6 милиони евра. Со ова Владата повторно се задолжува на домашниот пазар, а позајмицата може да боиде земена од банки или инвестициски фондови.
Првиот тип на обврзници кои ги издаде државата се без девизна клаузула, а парите ќе треба да ги врати после две години, односно на истиот овој датум во 2026 година. Поради помалата рочност каматната стапка е на ниво од 3,85 отсто годишно.
Вториот тип на обврзниците е со подолга рочност, односно 15 години, и затоа кај нив каматната стапка е уште повисока, 5,6 отсто, што всушност подолг период наназад е каматна стапка која ја плаќа државата за овој тип на 15 годишни државни обврзници.