На Официјалниот пазар на потсегментот Берзанска котација утре ќе бидат ставени на котација државни обврзници без девизна клаузула. Станува збор две емисии – едната е тригодишна со вредност од 733 милиони денари. Ќе котираат вкупно 73.300 обврзници за кои каматната стапка изнесува 3,95 проценти.
Во втората емисија се вкупно 333.925 обврзници во вкупна вредност од 3.339.250.000 денари. Овие обврзници се 15-годишни и со каматна стапка од 5,6 проценти.