Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски најави дека наскоро ќе биде набавена оризова арпа за потребите на стоковите резерви.
„Стоиме на зборот дека ќе се набави оризова арпа за стокови резерви. Веќе Агенцијата за стокови резерви ги има направено сите подготовки и измена на Правилници“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Многу скоро ќе биде објавен и Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа“, најави министерот.
Министерот Трипуновски додаде дека ова значи дека македонски производ ќе се чува во стокови резерви, но исто така значи и регулација во делот на откупот ориз.
„Во делот на набавката на стоковните резерви, како држава размислуваме да се направи одредена измена меѓутоа кога ќе биде веќе согледано кое е најдоброто решение ќе биде запознаена јавноста“, истакна министерот.
„Важно е стоковните резерви да се полнат со македонски производи“, посочи тој.