Во Италија минатата година затворени се 61.000 продавници, а отворени се само 23.000. 2024 година беше најлоша во однос на вкупните отворени продавници од 2014 година, соопшти Италијанската стопанска комора.
Трговците на мало предупредуваат дека доколку овој тренд не се промени, постои ризик до 2034 година да не се отворат нови продавници, пренесува АНСА.
Италијанската асоцијација на мали и средни претпријатија предупреди дека малку или речиси ништо не е направено досега за да се спречи исчезнувањето на малите продавници.
Здружението наведува дека целосното преземање на монополот од страна на големите компании би имало негативно влијание врз потрошувачите, пренесува БизПортал.