Поранешната НБА-ѕвезда, Делонте Вест (40), повторно е уапсена. Тој заврши зад решетки во државата Вирџинија, поради кршење на условната казна за едно од многуте претходни апсења.
Делонте Вест имаше огромни проблеми по завршувањето на кариерата во НБА. Сите пари што ги заработи исчезнаа, стана бездомник и талкаше по улиците на Далас.
Има многу што се обиделе да му помогнат, но не успеале.
Поранешниот сопственик на Маверикс, Марк Кјубан, плати за негово лекување на Флорида, но неговиот мир траеше кратко, бидејќи набрзо се врати на улица. Често во пијана состојба, уништуваше сè пред себе, решетките му беа честа глетка во утринските часови, а сега повторно е приведен, поради прекршување на условната казна и попречување на полицијата во извршување на должноста.
Неговата кауција беше одредена на 2.000 долари. Со оглед на тоа што тој ги нема тие пари, најверојатно, ќе ги одлежи во затвор.
Изгледот на 40-годишната НБА-ѕвезда е неверојатен. Тој е запуштен и изгледа најмалку двојно постаро отколку што навистина е, поради алкохолот и дрогата.
Delonte West was arrested in Fairfax County, per @fox5dc
Police say he was served a warrant for violation of conditions of release and charged with resisting arrest. pic.twitter.com/o03zsdkkT5
— NBACentral (@TheDunkCentral) June 6, 2024
Делонте Вест беше избран како 24. пик на драфтот во 2004 година, од Бостон селтикс, а, покрај за овој клуб, во својата НБА-кариера играше и за Сиетл суперсоникс, Кливленд кавалирс и за Далас маверикс. Накратко настапуваше и во Кина.