Речиси сите го користат темјанот за кадење на домот, а повеќето не се ни свесни дека темјанот лекува многу болести.
Толку мала, а сепак толку силна, оваа ароматична смола е добиена од родот Boswellia, а со нејзиното согорување се добива исклучително силен и невообичаено пријатен мирис.
Многуте лековити својства на темјанот се главно непознати за луѓето; речиси секој го има во својот дом, но ретко ги користи неговите лековити својства.
Темјанот со години се користи за лекување на артритис, заздравување на рани, регулирање на женските хормони и заштита од патогени.
Во земјите од Блискиот Исток се користи за одржување на здравјето на усната шуплина. Луѓето од овој регион џвакаат смола од темјан за да го подобрат здравјето на нивните заби и непца. Антимикробните својства на темјанот ги спречуваат инфекциите.
Темјанот ја ублажува болката предизвикана од артритис, без да предизвикува несакани ефекти. Ја подобрува циркулацијата, како и протокот на крв низ крвните садови оштетени од воспалителни процеси.
Научните истражувања потврдија дека екстрактот, ацетат од темјан, ги намалува невролошките оштетувања и е ефикасен против депресија и напнатост, го намалува нивото на холестерол и спречува болести на крвните садови.
Темјанот се користи и за ублажување на стресот, напнатоста, хистеријата и депресијата.
Бањата со масло од темјан помага при менструални болки и инфекции на уринарниот тракт, а помага и при бронхитис, астма, синузитис, чести настинки и алергии.
Иако не е опасно да се користи, треба да го избегнуваат хипертензивните пациенти, трудниците и доилките.