ДРАСТИЧНО ЗАЛАДУВАЊЕ: Во Европа почна да паѓа снег

4249

Претходните денови силен циклон од западна Европа се движеше низ северниот дел на континентот, подалеку на исток, а како дел од него и многу изразен студен фронт.

Овие атмосферски нарушувања донесоа обилни врнежи од дожд, бурни северни ветрови и драстично заладување, поради продор на многу студена воздушна маса од север. На удар се северните, западните и централните делови на Европа, Алпите и Панонската низина.

Од синоќа многу изразен студен фронт донесе драстично заладување и во Македонија со забележителен пад на температурата на воздухот.

Студеното време повторно донесе снег на Алпите, а првиот снег падна на северот и западот на Скандинавија.

Снег денеска и утре ќе паѓа на северот на Скандинавија, а температурите ќе бидат од 0 до 5 степени. И над нашето подрачје денеска е студено.

Во исто време, силниот облачен систем носи пообилни врнежи. Многу студена воздушна маса го турна топлиот воздух кон исток и кон Русија.

Циклонот од Атлантикот во наредните денови ќе донесе затоплување во западните делови на Европа, но и дожд со грмежи и засилен ветер.

Кон средината на следната недела централниот дел на Медитеранот и Јадранскиот регион очекува силен медитерански циклон, со многу пороен дожд и грмежи.

Европа во првата половина на септември беше погодена од страшниот циклон Борис, кој ги опустоши централните делови на континентот.

Есенскиот дожд и ветер ги намалија температурите, нè очекува најстудена зима во последните 10 години?!