Драматични сцени од Торонто: Патниците во паника за својот живот скокаа од превртениот авион/ВИДЕО

2514
Foto: Printscreen/Youtube

Вознемирувачки снимки се појавија од меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, каде што се случи тешка несреќа при слетување на авион на „Делта ерлајнс“.

При слетувањето, авионот од непозната причина се превртел и завршил на покривот. Тогаш започна вистинската драма за извлекување на патниците и гаснење на пожарот кој избувна во авионот.

Луѓето во паника за својот живот, без јакни скокале од превртениот авион и побегнале преку снежната писта, додека пената која пожарникарите ја истурале врз авионот за да го спречат пожарот се прелевала врз нив.

Службите за итни случаи го опколија авионот и го прскаа со пена за да спречат потенцијален пожар.

Сите патници и членови на екипажот се евакуирани и за среќа нема жртви во оваа тешка несреќа“, објави аеродромот на Твитер.

Канадските власти ќе ја спроведат истрагата, бидејќи инцидентот се случил на канадска територија. Сѐ уште не се познати деталите за причините за инцидентот, но се шпекулира дека силен страничен ветер го превртел авионот.

Според првичните информации најмалку осум лица се повредени, а едно е во критична состојба, но повредите не се опасни по живот.

Авионот летал од Минеаполис, а превезувал околу 80 патници. По несреќата аеродромот веднаш бил затворен.

ИЗДВОЕНИ