ДРАМАТИЧНА СНИМКА НА ПАДОТ НА РУСКИ ВОЕН АВИОН: Во леталото имало 15 лица/ВИДЕО

677
screenshot X (Twitter)

За време на редовен лет во рускиот град Иваново, на 250 километри од Москва, се урна воено-транспортниот авион „Иљушин II-76“.

Очевидци тврдат дека авионот почнал да гори додека бил во воздух, а според првичните информации се урнал на два километри од аеродромот.

Според информациите на руските медиуми загинале 12 лица, а Министерството за одбрана соопшти дека во авионот имало 15 лица, а се уште нема официјална потврда за бројот на загинати.

„Околу 13 часот по московско време, за време на полетувањето, се урна воено-транспортниот авион Ил-76 во Иваново. Во него имало осум членови на екипажот и седум патници. Според првите информации, причина за катастрофата е пожар на еден од моторите“, напишаа оттаму.